ХОТЕЛ КОНАК 3* – ПОПОВА ШАПКА
Конак е модерен планински објект базиран на традиционален изглед. Особено задоволство ќе Ви овозможи ентериерот на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка. На своите гости им нуди: 16 соби, ресторан, ски кафе, конференциска сала, сауна, интернет и тв, ски и сноуборд школа, ратрак и моторни санки.
Период на престој | Цена за 1 НП |
Декември 2021 | 1.250 ден |
Јануари 2022 | 1.350 ден. |
Февруари 2022 | 1.250 ден. |
Март 2022 | 1.250 ден. |
Цените се однесуваат на лице од ден со вклучен појадок :
Во цената не е вклучена туристичка таккса од 40 денари на ден по лице.
Деца од 6-12години кои користат сопствен кревет- 50% попуст
За деца до 12год не се пресметува туристичка такса