Home Blog Uncategorized БЕЛГРАД 8-ми Март

БЕЛГРАД 8-ми Март

БЕЛГРАД

НОВИ САД – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

0406.03.2022 / 1113.03.2022

 

БЕЛГРАД: Сместен на вливот на реката Сава во Дунав, град со богата историја.

НОВИ САД: Сместен на реката Дунав, познат по Петроварадинската тврдина.

СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ: Меѓу Фрушка гора и Дунав со своите градби со непроценлива историска вредност која ја чува богатата ризница на српската култура и духовност.

04/11.03.22 Поаѓање во 00.15 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

Пристигнување во Белград во утринските часови, разгледување на градот со  локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот. Сместување во хотел. Попладнето слободно време за прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова и КалемегданНоќевање.

05/12.03.2022 Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад – разгледување со  локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание, Петроварадинската тврдина … Потоа се продолжува до градот Сремски Карловци кој освен со својата архитектура познат е и по Фрушкогорското вино познато низ целиот свет Бермут – ароматично вино со 17 % алкохол, кое може да се вкуси во некоја од винариите во Карловци. Притоа ќе се посетат: црквата св. Никола, Патријаршијата, фонтаната “Четири лава”…Враќање во Белград.Факултативна свечена  вечера со Тамбурашка музика во ресторан на Скадарлија.Враќање в хотел.Ноќевање.

06/13.03.22 Појадок. После појадокот посета на трговскиот шопинг центар Ушче, можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав.Потоа  слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”.Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

Пристигнување во Македонија во ноќните или раните утрински часови.

 

ЦЕНА:  5200 денари

               

Во цената се вклучени следните услуги:

– автобуски превоз на дадената релација

– сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок

– разгледување на Белград со локален водич

– лиценциран придружник на аранжманот

Во цената не се вклучени следните услуги:

– здравствено патничко осигурување = 200 денари

– целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци -10 €

– крстарење по Сава и Дунав = 10 евра

– факултативно, свечена вечера во ресторан на Скадарлија со музика(без пијалок) -20 еур

– влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици

 

  Напомена: Рок на пријавување до 25.02.2022година.

Share:

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published.