Home Blog Uncategorized АРАПСКА АВАНТУРА <br/> Прв пат 4 емирати во еден програм

АРАПСКА АВАНТУРА
Прв пат 4 емирати во еден програм

 

 

ВИСТИНСКА АРАПСКА АВАНТУРА !!!

ПРВ ПАТ 4 ЕМИРАТИ ВО ЕДЕН ПРОГРАМ !!!

7 МАГИЧНИ АРАПСКИ  НОЌИ !!! 

+ CHRISTMAS MARKET

DUBAI + ABU DHABI + SHARJAH + RAS AL KHAIMAH 

Од Скопје со авион на Turkish Airlines

Од 16 декември 2021 во 20.35 ч од Скопје  до 25 декември 2021 – во 08.15 ч во Скопје 

Кри турс ве води ексклузивно :

– 7 ноќевања

– 5 ноќевања  со појадок во хотел Tryp By Wyndham Barsha Heights 4*во Dubai ,Al Barsha

+ 2 ноќевања со полупансион  во хотел -Hampton By Hilton Marjan Island 4-5*, Emirat Rаs Al Khaimah

– Водич на македонски јазик на цел програм!!!
– Пратител од Кри турс на целото патувањеод Скопје – до Скопје!

ЦЕНА : 998 евра во денарска противвредност!!!

– МНОГУ ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МЕСТА !

Слободно само до пополнување на закупените места ! 

Во цената на аранжманот е вклучено :
Повратна авионска карта – Скопје- Истанбул – Дубаи – Истанбул – Скопје
Аеродромски такси – 242 евра – вклучени во цената
Чекиран багаж 20 кг /30 кг и рачна торба7 кг
Трансфер – аеродром Дубаи – хотел во Дубаи со асистенција на водич на македонски јазик
Разглед на Дубаи , нов дел со локален водич на македонски јазик на 17 декември
5 Ноќевања со појадок во хотел Tryp By Wyndham Barsha Heights 4* во Dubai Al Barsha
2 Ноќевања со полупансиони (доручек и вечера) во хотел-ресорт Hampton By Hilton Marjan Island 4- 5 *во EMIRAT RAS AL KHAIMAH
Трансфер – хотел во Дубаи – SHARJAH EMIRAT
Разглед на SHARJAH EMIRAT со локаен водич на македонски јазик
Трансфер – SHARJAH EMIRAT – хотел во EMIRAT RAS AL KHAIMAH
Разглед на EMIRAT RAS AL KHAIMAH со локаен водич на македонски јазик
Трансфер – хотел во – EMIRAT RAS AL KHAIMAH – Дубаи
Разглед на Дубаи , стар дел на 24декември со локаен водич на македонски јазик
Посета на Dubai Mall ,слободно време за уживање во се што нуди овај најпознат мол во светот , воденото шоу , пратење на најубавата ,најпознатата, најдолга и импозантна фонтана во светот , Dubai Fountain на 24 декември
Трансфер – Дубаи – аеродром на 24 декември
Пратител од агенцијата Кри турс на целото патување , од Скопје до Скопје
Асистенција на локален водич на македонски јазик на целото патување!

 

 Незаборавни искуства и уникатни доживувања на луксузот на арапскиот свет, испреплетено со топло време и уживање на плажите во 2 емирати, доживејте ја магијата на арапските ноќи од приказните !

 Уживајте во  резорт во емиратот со најубави и најдолги плажи, во кои ужива локалното население од сите емирати ! 

 ЕКСПО ДУБАИ –  Најголемото светско шоу на планетата !

Истражувајте и доживувајте суперлативи, преку богатата понуда на посети и екскурзи кои ви се на располагање.

 

ПРОГРАМА:

1 ден ( 16 декември 2021)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18.00ч. Полетување за Дубаи во 20.35 преку Истанбул со Turkish Airlines, пристигнување во Истанбул во 00.10ч.Полетување од Истанбул во 01.30 и слетување во Дубаи 07.00ч на 20 ноември.

 2 ден ( 17декември 2021)
На аеродром пречек од водич на македонски јазик , и трансфер до хотел со 4* .Оставање на багажот во дежурна соба до времето за check in, можност за краток одмор , освежување и промена на гардероба , а потоа полудневен разглед на Дубаи, нов дел со лиценциран водич на Македонски јазик. (Разгледот е вклучен во цената).
Разгледот почнува со запознавање на атрактивните модерни локации во новиот дел на Дубаи, тргување од хотелот со климатизиран автобус. Прво ќе го посетиме вештачкиот полуостров Blue Waters, кратка пауза за фотографирање на прекрасниот поглед кон Dubai Marina, JBR, монденска луксузна плажа од отворен тип и најновата Дубајска атракција, најголемото панорамско тркало на светот Ain Dubai Ferry Wheel, во чијашто непосредна близина се наоѓа новоотворениот музеј на восочни фигури Madam Tissot – Dubai.
Следна локација е модерно изградената резидентно – хотелска област: Dubai Marina со стоп пред еден од најпрепознатливите и најуникатните облакодери во овој дел на градот, зградата Cayan Tower или поповеќе позната како: Infinity Tower,заради нејзината форма во двојво усукана спирала .
Наша следна локација е, посета на палмата: The Palm Jumeirah и локацијата: The Pointe, од каде се гледа хотелот Atlantis, новиот хотел: Atlantis The Royal, Emerald Palace The Palm, Sofitel The Palm  Dubai monorail и целосната структура на внатрешноста на палмата.
Следува, најромантичниот дел на новиот дел на Дубаи – Jumeirah Madinat уште попозната како: Arapska Venecija.
Оваа прекрасна мала локација е спој помеѓу старото и новото во овој магичен Емират. Изградена во традиционален Арапски стил, со надалеку познатион арапски луксуз, кој наликува на еден стар арапски медитерански град. Коплексот е мал трговски центар, каде се наоѓаат бројни ресторани, ноќни клубови, дискотеки, мал театар и сала за модерна дигитална видео ликовна проекција. Секако не изостануваат продавниците за сувенири, продавници за накит и останата луксузна стока. Од оваа локација, имаме најубав поглед кон Burj Al Arab најлуксузниот хотел во светот, единствен со 7*.
Нашиот прв ден од програмата го завршуваме со посета на најголемиот светски трговски центар на светот: Dubai Mall, каде што ке имате можност да го видите, најголемиот аквариум на светот: Dubai Mall Aquarium, најголемата кула на светот: Burj Khalifa ( факултативна, влезница за качување на 124 спрат) ,
Во овој мол се наоѓат уште : лизгалиште, мини тропска подводна зоолошка градина, преку 50 кино сали, болница, преку 2000 продавници со сите познати светски брендови, преку 200 различни ресторани и многу други занимливоси. Најпорзнатата, најдолга и импозантна Dubai Fountain, се наоѓа во овој трговски центар. Таа почнува со работа во 18:00 и завршува во 23:00. Воденото шоу се повторува секој половина час и претставува прекрасна игра на фонтаните проследено со музичка нумера. ( ВО ОВАЈ МОЛ КЕ ГО ПОСЕТИМЕ ПАК ПОСЛЕДНИОТ ДЕН, КОГА ЌЕ ИМАТЕ ПОВЕЌЕ СЛОБОДНО ВРЕМЕ ЗА ДА УЖИВАТЕ ВО СЕ ШТО НУДИ ОВАЈ ФАСЦИНАНТЕН МОЛ).
По посетата на Burj Khalifa, враќање назад во хотелот. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 3 ден ( 18 декември 2021)
Појадок. По појадокот факултативна посета на Емиратот ABU DHABI . Разглед со локален водич на македонски јазик .
Ако Дубаи претставува престолнина на модерното и атрактивното тогаш Абу Даби е престолнина на луксузот и раскошот. Шетајќи се низ градот ќе бидете фасцинирани од прекрасната голема бела џамија наречена Шеик Заједова Џамија направена од уникатниот и надалеку познат македонски мермер, инаку позната уште како “ Цветна Џамија“. Sheikh Zayed Mosquе.
Во прошетка низ овој монументален објект ќе Ве води нашиот лиценциран водич на македонски јазик. Таму ќе го видите најголемиот и најскап лустер на светот изработен од 40 милиони парчиња Сваровски кристали и најголемиот персиски тепих на светот.
Следна станица е фото сесија пред луксузниот хотел “ Emirates Palace” , кој првенствено преставува официјално место за дочекување на светските државни делегации, но секако и хотел кој може да си го дозволи светскиот џет – сет.
Доколку сакате можете да резервирате место во едно од кафулњата во овој хотел каде ќе можете да ужувате во уникатноста на пиење кафе попрскано со вистинска златна прашина или зда се засладите со колачиња попрскани со златна прашина.
Турата опфаќа обикола и панорамско разгледување на музејот Louvre Abu Dhabi & Qasar Al Watan, Etihad Towres , Hotel bab al Qasr…
ПАУЗА ЗА РУЧЕК ВО РЕСТОРАН СО ШВЕДСКИ СТОЛ .
После ручекот следното застанување е во пазарот на урми,каде можете да купите урми од локално производство како и урми кои доаѓаат од другите Арапски земји.
На крајот прошетката ја завршуваме со островот Јаз на кој се наоѓа трговскиот центар Јаз, во чиј состав се наоѓа познатиот забавен парк на Формула 1. Ferrari World
НАПОМЕНА:
Влезот во хотелот “ Emirates Palace” – не е гарантиран доколку однапред немате резервирано место во кафе ресторанот “ La Café” каде се служи познатото капучино со златна прашина и колачињата со златна прашина. Цената на ова кафе изнесува отприлика 30 – 35 ЕУР а на колачињата отприлика 15 – 20 ЕУР, па доколку патниците сакаат, може да се резервира однаперд.
Во оваа целодневна тура организирана на овој начин нема можност за влез во забавниот парк на Ферари, затоа што времетраењето на забавата во истиот е долго. Во тој случај, доколку патниците сакаат да ја искусат возбудливоста на истиот, турата ќе мора да се организира со исфрлање на останатите нејзини елементи или да се организира само посета на паркот.
Враќање во хотелот во Дубаи .Ноќевање.

 4 ден ( 19  декември  2021)
Појадок. После појадокот факултативна посета на DUBAI MIRACLE GARDEN -Чудесните Градини и музејот – градина на пеперутките.
Чудесните Градини или “ Miracle Gardens” претставуваат еден голем цветен комплекс кој наликува на познатите јапонски градини, каде од најразлични цвеќиња се изработени форми на куќи, авиони,автомобили и се што можете да замислите. Отворена е на 14 фебруари 2013 година. Како и се останато во Дубаи, така и оваа градина е најголемата на светот, распространета на површина од околу 20 000 метри квадратни со преку 100 милиони расадени цвеќиња.

Во попладневните часови факултативна посета на EXPO DUBAI – ИСТРАЖЕТЕ ЈА МОЌТА НА ВРСКИТЕ НА ОБЛИКУВАЊЕТО НА НАШИОТ СВЕТ , БИДЕТЕ ДЕЛ ОД СОЗДАВАЊЕТО НА НАЈГОЛЕМОТО СВЕТСКО ШОУ !!!!
Доживејте ја привилегијата на најголемиот ивент на нашата планета, за прв пат во светската историја , секој учесник – држава има изграден свој сопствен павиљон каде ги изразува сите културни искуства и врвните достигнувања од сите области, од храна и музика, наука , медицината и новите природни извори на енергртски ресурси ,до последните техничко-технолошки , информатички достигнувања , а ги има од организации до 192 нации учеснички , СЕКОЈ УНИКАТЕН..
ДОЖИВЕЈТЕ ЈА ЕНЕРГИЈАТА НА ПЕРФЕКЦИЈАТА НА ИЗРАЗЕНИ ЧУВСТВА И ЗНАЕЊА, КУЛМИНАЦИЈАТА НА ТАЛЕНТОТ НА ЕДНО МЕСТО ,СИМБИОЗА НА УМСТВЕНИТЕ ПЕРФЕКЦИИ, КРЕАТОРИТЕ НА ИДНИНАТА … Враќање во хотел.Ноќевање.

5 ден ( 20декември 2021)
Појадок. После појадокот слободно време за плажа и уживање во топлите води на Персискиот Залив (локално познат како Арапски Залив),  можност за факултативна посета на Ain Dubai  најголемото панорамско тркало во светот … слободни активности или  индивидуални посети.

 

Во вечерните часови – крстарење со брод јахта, со вечера , пијалок ,кафе,од Dubai Marina до Atlantis the Palm и назад (факултативно ) !Враќање во хотел.Ноќевање.

 

 6 ден ( 21 декември  2021)

Појадок.  Можност за посета на  еден Christmas market ,слободно време за плажа и уживање во топлите води на персискиот залив, индивидуални активности, или можност за индивидуални или групни локални екскурзии,

Во попладневните часови вечерно пустинско сафари – џип авантура, со вечера во пустината и забавна програма, факултативно. Враќање во хотел.Ноќевање.

 7 ден ( 22 декември 2021)
Појадок. Одјавување во хотелот во Дубаи и поаѓање за соседниот SHARJAH EMIRAT со локален водич на македонски јазик. Пристигнување и разглед на поважните локации во Емиратот Sharjah а потоа посета на пазарот на зачини , сувенири , злато и килими…
Поаѓање за EMIRAT RAS AL KHAIMAH . Сместување во нов хотел ,ресорт со 4- 5 * во RAK , на база на полупансион (доручек и вечера). Слободно време за уживање во ресортот, прекрасната плажа ,капење во топлите води ,се што нуди еден ресорт со 4-5 *… Вечера.Ноќевање.

8 ден ( 23 декември 2021)
Појадок. После појадокот разглед со локален водич на македонски јазик на EMIRAT RAS AL KHAIMAH , а потоа факултативна посета на фармата на бисери со брод , единствена од овај тип , останата од ерата на бисерите… Враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности , капење, уживање … Вечера.Ноќевање.

 9 ден ( 24 декември 2021)
Појадок. Слободно време за уживање во хотелот, капење, плажа до 11.30 ч.
Во 12 ч одјавување од хотелот и поаѓање за Дубаи со локален водич на македонски јазик,
разглед на  стариот дел на градот од каде што започнува целата магична проказна за луксузниот уникатем космополитски град . Со посетата на пазарот на злато и зачини, ви го доловуваме традиционалниот начин на живот во Емиратите пред ерата на нафтата. Ќе имате можност да ги осетите мирисите на арапските пафеми, да ги вкусите ориенталните зачини и да ги наполните очите со раскошното злато од кое вештите мајстори изработоваат најразлични форми и креации. Најпознатиот, најголем златен прстен на светот се наоѓа овде. Frame Dubai – факултативно .Потоа одиме во Dubai Mall, каде ќе имате можност за шопинг или уживање во се што нуди овај фасцинантен и уикатен мол,најголемиот аквариум на светот: Dubai Mall Aquarium, лизгалиште, мини тропска подводна зоолошка градина, преку 50 кино сали, болница, преку 2000 продавници со сите познати светски брендови, преку 200 различни ресторани и многу други занимливоси. Во вечените часови ќе имате можнот за уживање – воденото шоу , пратење на најубавата ,најпознатата, најдолга и импозантна фонтана во светот , Dubai Fountain, се наоѓа во овој трговски центар. Таа почнува со работа во 18:00 и завршува во 23:00. Воденото шоу се повторува секој половина час и претставува прекрасна игра на фонтаните проследено со музичка нумера. Можност за факултативна вечера во арапски ресторан.
Поаѓање на групата за на аеродром околу 23ч.

 10 ден ( 25 декември 2021)
Чекирање и лет за Истанбул во 02.40 ч, на 25 декември  ,пристиг нување во Истанбул во 06.35 ч.Поаѓање од Истанбул за Скопје во 08.50ч, и пристигнување во Скопје во  сабота , на 25 декември, во 08.15 ч .

Сите сатници на летовите на патувањето поаѓања и пристигнувања се по локално време .

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 998 евра во денарска противвредност !!!

Цената не вклучува :
Виза за Дубаи за иматели на македонски пасоши – 85 евра -( не е потребна виза за патници кои поседуваат и други пасош покрај македонскиот, а за кои не е потребна виза )
Туристичката такса во хотелите (од 2- 4 евра по соба на ден)
PSR тест за влез во Дубаи

–  Патничко  ковид   осигурување!

 Факултативи :
– ABU DHABI – целодневна екскурзија со ручек , превоз, разглед со локален водич на македонски јазик – 80 евра 
– Burj Khalifa – влезница закачување на 124 спрат – 45 евра
– MIRACLE GARDEN -Чудесните Градини и музејот – градина на пеперутките, превоз , влезница и разгед со локален водич – 45 евра
– EXPO DUBAI – групна или индивидуална посета ( превоз ,влезница)
– Крстарење со брод јахта, со вечера , пијалок ,кафе – ,од Dubai Marina до Atlantis the Palm и назад – 60 евра
– Пустинско сафари – џип авантура, со вечера и забавна програма- 45 евра
– Посета на фармата на бисери со брод , превоз, трансфер до хотел , водич
– Frame Dubai – превоз,влезница, водич на македонски јазик – 19 евра
– Патничко Ковид 19 осигурување,
– Други неспомнати услуги , влезници, индивидуални посети
– Факултативите зависат од бројот на пријавени патници и моменталните ковид  протоколи во Емиратите 
За враќање во Македонија – за влез е потребно сертификат за целосна вакцинација ,или негативен PSR test , или брз антиген тест или согласност за изолација во Македонија во траење од 7 дена.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ :
– Негативен PSR тест не постар од 72 ч пред пристигнување во Дубаи е потребен за ова патување, без разлика дали патникот е вакциниран или не, освен за деца под 12 години
– За ова патување пасошот мора да има важност уште минимум 6 месеци од денот на враќање
– За имателите на македонски пасоши за визата е потребно да испратитена емаил во JPG формат скениран пасош – ( првите 2 страни ) и фотографија скенирани со висока резолуција, или да донесете фотографија во боја , големина – како за пасош , и оригинален пасош. (Во случај на странката одделението за имиграција на
ОАЕ да не одобри виза од одредени причини , трошоците за виза не се рефундираат – враќаат)
KRI TURS ima ekskluzivno pravo na ovaj program, zabraneto kopiranje i prisvojuvanje na programata !!!
За реализација на ова патување е потрбно минимум 20 патници, а цената е валидна до пополнување на расположливите места во авионот, а се гарантира само со уплата на аконтацијата , чиј износ е гарантиран .
Кри турс го задржува правото на промена на програмата , редослед или активности во истата, поради одредени објективни причини.
Патувањето ќе се одвива по сите ковид 19 протоколи на авио компанијата Turkish Airlines, како и ковид протоколите на државите и емиратите низ кои се транзитира или престојува,исто така и ковид 19 протоколи на хотелите , превозниците ,превозните средства , водичите, објектите кои се посетуваат , факултативните посети и други неспомнати , и тие протоколи се подложни на промени кои Кри турс неможи да ги предвиди или промени.
Истото важи доколку од објективни причини дојде до промена на цените на услугите кои се дел од овај аранжман, а Кри турс нема влијание на нив, како и за авио превозот важат условите на патување согласно нотата и политиката   на Turkish Airlines,исто и хотелите на сместување , условите према нивмните услови за резервација и престој.
Кри турс го задржува правото на откажување на аранжманот 7 дена пред поаѓање.
Уплатата е во денарска вредност по курс од 1 евро – 62 ден
За резервација потребна е уплата од 60% од цената на аранжманот , остатокот најдоцна 14 дена пред поаѓање.
СЕКОЈ ПАТНИК СНОСИ СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ВАЛИДНОСТА НА ДОКУМЕНТИТЕ ПОТРЕБНИ ЗА ПАТУВАЊЕ, АГЕНЦИЈАТА НЕ ОДГОВАРА ЗА НЕВАЛИДНИ ДОКУМЕНТИ НА ПАТНИК.

Share:

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *