Home Blog Uncategorized САРАЕВО 8-ми Март

САРАЕВО 8-ми Март

САРАЕВО – Мостар – Вишеград- Мокра Гора

 

10.03.2022 Поаѓање за Сараево во 20 ч преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.

11.03.22 Во утринските часови пристигнување во Сараево и разгледување на градот со локален водич: Врело Босне, Грбавица, народниот театар, градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм Величенствената Газихусербегова џамија, Катедралата… Сместување во  хотел со 4*. Слободно попладне на Башчаршија, каде имате можност да ги вкусите Сараевските специјалитети: Кебапи во лепиња, Сараевски бурек, десерт-Туфахија,Турско кафе…Ноќевање.

12.03.22 Појадок. Факултативно излет до Мостар со попатна посета на Бункерот –Атомската скривница на Тито во Коњиц (градена од 1953-1979г.) и стариот мост во Коњиц Камена Чуприја од 1682г..Потоа се продолжува и се посетува срушениот-историски Мост од “Битката на Неретва” кај Јабланица.Пристигнување во Мостар- град со многу мостови,  сместен на реката Неретва. Посета на  Стариот мост – симболот на градот, изграден 1557 – 1566 год., 2004 год. ставен под заштита на УНЕСКО, стариот град, улицата Кујунџилак со занаетчиски дуќани, саат кулата, Караџорџевата џамија…Попладнето враќање во Сараево. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

13.03.22 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица – како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Потоа продолжување за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица, како единствената туристичка- музејска железница “Шарганска Осмица”. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

14.03.22 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 5600 денари

 

  

Во цената е вклучено:

– превоз со туристички автобус

– сместување во хотел со 4* на база 2 ноќевања со појадок

– разглед на Сараево со локален водич

– организација и придружник на патувањето

 

 

Во цената не е вклучено:

– патничко и здраствено осигурување – без франшиза – 200 ден

– факултативен излет до Коњиц и Мостар -10 € + 13 еур за влез во Бункерот на Тито

– факултативна вечера во ресторан со музика со 1 пијалок – 15 еур

– влезници за културно историските споменици

 

Напомена: Рок на пријавување до 01.03.2022 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Share:

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published.