Home Blog Uncategorized БУКУРЕШТ 8-ми Март

БУКУРЕШТ 8-ми Март

БУКУРЕШТ

ДРАКУЛА ТУРА

(Трансилванија – Романија)

 

10.03.22 Поаѓање за Букурешт во 17 ч со автобус преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни одмори.

11.03.22  Пристигнување во Букурешт во утринските  часови, кој често го нарекуваат „Мал Париз„. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта,архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.                                                                                                                             

12.03.22 Појадок. Факултативен целодневен излет за Синаја – монденското одморалиште  во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа,некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување  и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, слободно време за прошетка низ центарот на градот. Враќање во Букурешт. Ноќевање.                                                                                                                  

13.03.22 Појадок. Слободно предпладне во центарот на Букурешт со можност за посета Селото – Музеј,како и посета на трговски шопинг центар. Попладнето тргнување за  Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

14.03.22  Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.                     

 

ЦЕНА: 6500 денари

                                                                          

Во цената е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација

– сместување во хотел со 3* на база 2 ноќ/појадок

– разгледување на Букурешт со водич

– лиценциран придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

– задолжително здравствено патничко осигурување  – 200 денари.

– целодневен излет до Брашов, Замокот  Бран и дворецот  Пелеш ( превоз + влезници за наведените објекти) = 35 евра.

 

Напомена: Рок на пријавување до 28.02.2022 година.

Т. А. КРИ ТУРС Ви го честита Денот на жената 8 – ми Март.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Share:

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published.