Home Blog Uncategorized БУДВА 8-ми Март

БУДВА 8-ми Март

БУДВА – ЦЕТИЊЕ – ОСТРОШКИ МАНАСТИР 8-ми Март

 

11.03.22 Поаѓање во 22 чaсот со автобус, преку Албанија за Будва.

12.03.22 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови,попатно се врви низ Бар,Петровац.,па  посета на св. Стефан-едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, Краљичината плажа,Бечичи…Стигнување во Будва, сместување во студиа и апартмани во Будва. Попладнето прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија…Слободно попладне во Будва, можност за уживање во добрата храна во рестораните покрај брегот. Ноќевање.

13.03.22 Целодневен излет до Цетиње – старата престолнина на Црна Гора, со Цетинскиот манастир – симболот на Црногорската духовност, во кој се најдуваат моштите на св. Јован Крстител, палатата на Крал Никола, Плавата палата, палатите на конзулатите…Потоа се продолжува за Манастирот св. Василие Острошки, сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и  манастир на Балканот. Основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на св. Василије Острошки се чудотворни кои се најдуваат во Горниот Манастир. Потоа преку Скадарското езеро продолжување за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

14.03.22г. Пристигнување во Македонија во ноќните или раните утрински часови 

   ЦЕНА: 2600 денари

Во цената е вклучено:                               

 – автобуски превоз на дадената релација

– 1 ноќевања во студија и апартмани во Будва

– целодневен излет до Цетиње и Острошкиот манастир

– организација и придружник на патувањето.      

   Во цената не е вклучено: 

– патничко здравствено осигурување – без франшиза (200 денари)

– влезници за културно историските споменици,

– превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – повратна (2 – 3 евра)

 

Напомена: Рок на пријавување до 05.03.2022 година        

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.                                                  

                                                                                           

Share:

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published.