Home Blog Uncategorized НОВА 2022 ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ

НОВА 2022 ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ

Истанбул е единствен град во светот сместен на два континента Европа и Азија, чија историја започнува пред 2600 години.

30.12.2021 Поаѓање на групата во 16.45 ч, преку Грција, ноќно возење со попатни одмори.

31.12.2021 Пристигнување во Истанбул во утринските часови,кратка обиколка на центарот на Истанбул, сместување во хотел Голд 3* . Слободно време за шопинг во Капали и Аксарај Чаршија. Вечерта дочек на новата 2022 на плоштад Кумкапи или во национален ресторан со програма и мени на турската кујна. Нокевање.

01.01.2022 Појадок. По појадокот организирано панорамско разгледување на градот со локален водич: Римскиот аквадукт, посета на Патријаршијата, се поминува преку мостот Галата, преку мостовите на Босфорот се оди до Азискиот дел Бејлербеј, па потоа посета на  Султанахмедовата (Сината) џамија, хиподромот, Аја Софија со вклучен влез, Топкапи палатата…Факултативна вечера во национален ресторан со ориентална програма и мени на турската кујна. Ноќевање.

02.01.2022 Појадок.Факултативна посета на палатата Долма Бахче-последна резиденција на Отоманската Империја. Факултативно крстарење со брод со локален водич по Босфорот – со единствена можност за запознавање на палатите од двете страни на каналот и пловење под мостовите кои ги поврзуваат Европа со Азија.. Слободно време за  прошетка на улицата и плоштадот Таксим. На крај посета на трговскиот шопинг центар “Venezia Mega Outlet”. Вечерта поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно возење со попатни одмори.

03.01.2022 Пристигнување во Македонија  во раните утрински часови.

ЦЕНА:  5500 денари ( 89 еур )

  Во цената е пресметано:

  – автобуски превоз на дадената релација

– 2 ноќевања со појадок во хотел ГОЛД со 3*  http://www.goldhotel.com.tr/en/

– разгледување на Истанбул со локален водич

– организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

– патничко здравствено осигурување – задолжително – (200 денари) до 65 год , од 65-70 год ( 400 денари ) .

– факултативно крстарење со брод по Босфорот – 20 € (резер. во агенција)

– факултативна посета на палатата Долма Бахче со водич – 25 € (резер. во агенција)

– свечена вечера во национален ресторан на 31.12. – 50 € (резер. во агенција)

– свечена вечера во националнен ресторан на 01.01.2022 – 30 € (резер. во агенција)

– влезници за други културни знаменитости

Напомена: Краен рок на пријавување до 20.12.2021 година.

Share:

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *